На суд Премиерот Заев гледаше снимка: Парите од Рекет барајте ги кај Зоран и Вице Заеви!

Во денешното граѓанско судско рочиште Зоран Заев – Александар Николоски, Николоски како доказ ја прикажа снимката од Бојан Јовановски како вели дека парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Инаку премиерот Зоран Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета.

Николоски изјави дека Заев е врвот на пирамидата во случајот Рекет, по што премиерот го тужи.

Во денешното рочиште се разгледуваат доказите со кои одбраната сака да прикаже дека Заев навистина бил дел од Рекет?

Инаку Николоски се брани самиот, без адвокат, а адвокат на Заев е Медарски.


извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum