На Јутјуб објавени „бомби“ за „Рекет“, Рускоска вели дека снимката била пуштена на судењето

На платформата Јутјуб денеска се објавени два аудио материјали за случајот „Рекет“ на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков. Снимките се поставени од анонимен профил со називот „Али Баба Тредичи“. Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ 24 изјави дека нелегално снимените разговори за „Рекет“ Обвинителството ги имало и ги пуштило во судница на рочиште затворено за јавноста. Според Рускоска, станува збор за исечоци од материјал во траење од  57 минути.


Пресудата за предметот „Рекет“ беше изречена вчера. Судот на првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски – Боки 13, му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години. Судот Јовановски го прогласи за виновен за сторени кривични дела – „примање награда за противзаконити влијание“ и за „перење пари“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања.

извор: vecer.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum