На две недели до изборите: Борисов води со 7 отсто, Каракачанов има доволно гласови за да влезе

На две недели пред парламентарните избори во Бугарија, бугарската владеачка партија ГЕРБ го консолидира своето водство, и покрај проблемите со кои се соочуваат поради пандемијата. Дописникот на МИА од Софија јавува дека според последната анкета, не е можно со сигурност да се утврди колку политички субјекти ќе влезат во следниот бугарски Парламент, бидејќи три партии за малку го надминуваат цензусот од четири отсто, а една е под него, но има шанса да го достигне. Сепак, во споредба со претходните анкети, може да има стабилизирање на јавните ставови, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Сова Харис“.

Во последните 1,5 месец процентот на лицата кои се сигурни дека ќе гласаат на парламентарните избори во Бугарија е зголемен за околу четири отсто и изнесува околу 43 отсто од сите запишани гласачи, или околу 2.400.000 гласачи. Други 26 отсто, или околу 1.400.000 лица, изјавуваат дека има поголема веројатност да гласаат, но се уште се двоумат. Речиси 10 отсто од сите гласачи во Бугарија велат дека е поголема веројатноста да не гласаат на 4 април поради опасноста од инфекција.

Според добиените резултати, формулата што ги опишува партиите во следниот бугарски парламент е 4 + 3 + 1. Формациите што сигурно ќе бидат присутни на 45-то Бугарско национално собрание се владејачката ГЕРБ-УДФ (30,7 отсто) и опозициската Бугарска социјалистичка партија (23,9 отсто). „Таков народ има“ на шоуменот Слави Трифинов ќе има околу 11,9 отсто, Движењето за права и Слободи (11,5 отсто).

Според истражувањето, над цензусот се и Демократска Бугарија (5,6 отсто), ВМРО (4,7 отсто) и „Стани! Излези! ” (4,7 отсто).

Под цензусот, но со шанси да се дојде до него со поголема активност се наоѓаат Патриотската коалиција Волја и НФСБ (2,4 отсто). Треба да се напомене резултатот од уште две партии на поранешниот втор човек и близок соработник на Бојко Борисов – Цветан Цветанов, кој ја напушти ГЕРБ пред две години – Републиканци во Бугарија (1,7 отсто) и АБВ (1,2 отсто), кои се над ограничувањето од еден отсто, што покажува дека на долг рок тие имаат шанса да играат позначајна улога на бугарсклата политичка сцена.



извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum