На 48 заболени прогласуваме вонредна, на 1836 заболени нема потреба?

Денес бројката на заболени, со потврда и од министерот за здравство Венко Филипче е 164 нови случаи на коронавирус во државата. Скопје е пак жариштето со 85 ново заразени, додека Куманово е втор град со 24 заразени.


Две лица го загубија својот живот, едната од Тетово, другата од Скопје на возраст од 60 и 53 години.


Интересна е ситуацијата во државата што, првата вонредна состојба во државата се прогласи на 18 Март 2020 година, каде државата имаше вкупен број на заразени од 48 лица, каде ниту еден не беше починат. Владата ги убедуваше граѓаните дека во Македонија мора да се прогласи вонредна состојба во врска со справување со епидемијата.


Додека пак денес, претседателот Стево Пендаровски излезе со одлука дека државата нема потреба за прогласување на вонредна состојба, а активни случаи заболени со коронавирус во државата моментално е 1836. Исто така има 171 починат до сега.


Нашето прашање е, како може на 1836 активни случаи и 171 починат да нема потреба од вонредна состојба, а на 48 случаи имаше потреба од вонредна состојба? Дали е ова некоја предигра за одење на брзи избори во Јули?


Погледнете ги бројките од состојбата со коронавирусот до денешен ден:


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum