Мухамед Зеќири нов генерален секретар на Владата
Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири е избран за генерален секретар во Владата.
Зеќири е избран на местото на досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Тој беше пратеник во минатиот состав на парламентот, а беше избран и на овие избори, но поднесе оставка откако влезе во комбинација за функција чие вршење е неспоиво со пратеничката фотелја.
Зеќири се споменуваше како можен директор на фЗО.

извор: denesen.mk