„Моќник“ влегува во судница, одбиени приговорите на обвинетите

Советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.

Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, соопшти Основниот кривичен суд-Скопје.


Според обвинението, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, татко му и против поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, оти заеднички издејствувале да се продаде за 100 денари од квадратен метар објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.


Во случајот се инволвирани уште 10 лица што биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.


По предметот, во јавноста познат како „Моќник“, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше СЈО.


извор: Makfax vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum