МЛАДИТЕ ВО БИТОЛА МУ ПОКЛОНИЈА ЛОПАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА


Од утринава се појави вест дека ЈП Нискоградба распрскува емулзиона течност против мрзнење по улиците наместо популарната ризла. Сето тоа е во ред и доколку таа течност не е како онаа во Општина Карпош, постапката ја поздравуваме, но доколку се работи за истата течност, Господ нека ни е напомош.


Во меѓувреме, низ улиците на Битола се напласти снег од 30 сантиметри и го блокира градот, со тоа дојдовме до старо-нова ситуација кога е во прашање снегот. Се најдовме изненадени.


Ја користиме оваа прилика да ги известиме локалните власти и директорите на Јавните Претпријатија дека во Битола врни снег и ве информираме дека сте должни да го исчистите снегот, веднаш, а не после кинеската Нова Година.


Ова се слики од цела Битола, состојбата е алармантна. Извадете ја механизацијата на терен, или земете ја оваа лопата и исчистете ги улиците. А исто така ви нудиме и друга опција, поднесете си оставка и заминете си од позициите кои ги узурпирате.


#МладиКоиПраватРазлика #ВоМладитеЕСилата #УМСБитола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum