МЛАДИТЕ СО ПРОТЕСТ ВО БИТОЛА ПОРАДИ ОБРАЗОВНИТЕ РЕФОРМИ НА ЦАРОВСКА

Денес во посета на Битола беше министерката за образование Мила Царовска. Ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола ја искористивме оваа ретка можност, преку овие транспаренти, да го искажиме нашето негодување за новиот концепт за образование, кој насила, Владата, по секоја цена, го турка на мускули.

Исто така сакаме да им честитаме на матурантите за нивната истрајност во своите намери и покрај сериозните притисоци од директорите, професорите кои им предаваа, па дури и од професорите кои воопшто не беа влкучени во нивните предмети, се соочија со закани од различен вид, до бркање од училиште, успеаа да ја постигнат целта. Матурантите покажаа зрелост и не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги почитува младите луѓе и во нив гледа иден партнер во решавањето на младинските, но и останатите проблеми во општеството.

И за крај, ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, бараме, наместо спојување и укинување на предмети, министерката за образование да се себе укини, а нејзиниот ресор да се присоедини во некој друг, бидејќи далеку подобро би било Република Македонија да нема воопшто министер за образование отколку да има министер како Мила Царовска.

#МладиКоиПраватРазлика #ВоМладитеЕСилата #УМСБитола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum