Мистерија долга 487 години: Предметот на дното на сликата ги збунува луѓе со векови


Делото “Амбасадори” го насликал Ханс Холбајн во 1533. година.


Една од сликите кои стотици години го привлекува вниманието на големата јавност е и делото “Амбасадори” од 1533. година.

Ова дело на германскиот сликар Ханс Холбајн, претставува вековна мистерија, пред се поради чудниот предмет кој се наоѓа на дното на сликата.


Кога прв пат ќе ја погледнете сликата на Холбајн, не можете да не се запрашате што претставува чудниот облик кој толку многу отскокнува од остатокот на сликата?


А одговорот на тоа прашање е исто така необичен: се добива смисла кога сликата ќе ја погледнете од еден, одреден агол од десната страна, и тогаш мистериозниот облик пред вашите очи се претвора во човечки череп.


Како што објаснува истражувачот Филип Кент, ова е еден од најпознатите случаеви на анаморфозија, кога неправилен објект се појавува во својата вистинска форма дури кога ќе се погледне на неконвенционален начин.

Вака изгледа сето тоа:


извор: onlinenewspapers24.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum