Министерство за здравство: До овој момент не сме во можност да дадеме временска рамка за доигрување

Соочени со пандемијата CoVid-19 и здравствената криза која предизвика вонредна состојба во нашата држава, како водечко фудбалско тело во државата, напоменуваме дека за Фудбалската федерација на Македонија здравјето на фудбалерите и фудбалските работници е на прво место и тоа е единствениот предуслов во подготовката за враќање на тренинзите на екипите од МФЛ и продолжување на националното првенството.

Нашата „Куќа на фудбалот“ сите препораки и мерки ги услогласува во соработка со координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19, се со цел, да се осигура дека тренинзите и натпреварите ќе се одржуваат во услови на најмал ризик од ширење на CoVid-19.

Одлуката за почеток на одигрување на натпреварите ќе биде донесена согласно препораките од надлежните државни тела. Фудбалската федерација на Македонија е во постојана комуникација со здравствените институции, но и УЕФА, и конечната одлука околу продолжување на националното првенство ќе биде донесена согласно насоките добиени од Министерството за здравство (Главен координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19).


До овој момент, на барање на Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за здравство не информираше дека имајќи ја в предвид епидемиолошката состојба во државата, тие не се во можност да дадат временска рамка за тоа кога би можело да се изврши доигрување на првенството од натпреварувачката сезона 2019/2020.

Во продолжение, одговорот од Министерство за здравство на барање на Фудбалска федерација на Македонија. 




29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum