Министерот Mapичиќ co „закон“ ja забpaнyвa yпoтpeбaтa нa тepминoт Maкeдoниja



Термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, кратенката „ПЈРМ“, во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација од никого.


Ова го пишува во решението на Министерството за правда потпишано од министерот Бојан Маричиќ против регистрацијата на една невладина организација што во името го има зборот Македонија.

Барањето да го содржи зборот Македонија во називот на здружението се одбива како неосновано, се вели во решението од ноември 2020 година, објави МКД.МК.


Министерството смета дека согласно со амандманите во Уставот, 33, 34, 35, 36 и Уставниот закон од 12 февруари 2019 година со нивното влегување во сила, уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија, а краткото име Северна Македонија, па нема како здруженијата во своето име да го содржат името Македонија.


Овие измени во Уставот беа резултат на потпишаниот Преспански договор иаско во него нема член во кој се забранува употребата на зборот Македонија во институции што не се финансираат од државата, од буџетот…потсетува МКД.МК.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum