Министерот Филипче одби македонските лекари да се вакцинираат во Србија

Здравствените работници од ковид центрите нема да одат да примат вакцина во Србија по вчерашната јавна покана од срспката премиерка. Венко Филипче и се заблагодари на Брнабиќ и кажа дека можат да спроведат успешен процес на имунизација во земјата. Но засега се уште ги чекаме отстапените дози на Фајзер од северниот сосед за да почне боцкањето на медицинскиот кадар, објави Сител.

-Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие 8.000 дози кои треба да ги купиме од Србија. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Иако српските вакцини и првата количина договорена директно со Фајзер ќе бидат со интервентен увоз без нивна регистрација во земјата, сепак, административните процедури го одолговлекуваат процесот за нивен транспорт.

-Денеска ќе видиме што информации ќе добиеме, штом ги достават фајловите ние сме подготвен да ги примиме вакцините, вели Филипче.

Министерот за здравство очекува наредната недела да бидат во собраниска процедура и измените на законот за лекови кои ги прават по барање на Фајзер за вакцината да ја регистрираат без локално претставништво кај нас. Тоа ќе биде неопходно за набавките во следниот период доколку и други производители ги постават истите услови. И додека го чекаме стартот на имунизација и има голем број критики дека останавме последни во регионот, анкетата на Брима Галуп покажува поинаква слика. Секој втор Македонец, или 49 проценти од испитаниците нема да примат вакцина против Ковид 19 а во исто време, пак, 54 отсто мислат дека Владата лошо се справува со коронавирусот, пренесе Сител.




извор: kurir.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum