Министерот Бектеши: Буџетот треба да го ослободиме од државните загубари

Во врска со одложувањето на либерализацијата на поштенскиот пазар, министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција рече дека почнува процедура за подготвување физибилити студија за Пошта и откако ќе биде готова ќе се разгледаат наодите и ќе се донесе соодветна одлука.

-Почната е подготовка на физибилити студија. Потоа од наодите ќе зависи каква одлука ќе донесеме за „Пошта“. За сите претпријатија кои работат со загуба ние треба да најдеме соодветни модели како да ги стабилизираме со цел да ги подобрат услугите, но притоа да немаме негативен инпакт по буџетот како досега, рече Бектеши.

Тој додаде дека едно од можните решенија стабилизирање на состојбата во „Пошта“ или кај другите загубари е и моделот на јавно-приватно партнерство.

Тој додаде дека за сите акционерски друштва, јавни претпријатија кои работат со загуба треба да се најдат модели кои се современи со цел да се подобрат услугите и истовремено да немаат негативен импакт врз буџетот.


извор: lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum