Министерката Шахпаска: И жените ќе одат во пензија на 64 години

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на ТВ 24 посочи дека во собраниска процедура се наоѓаат четири закони и тоа Законот за работни односи, Законот за здравствена заштита, Законот за вработени во јавната администрација и Законот за вработени во високото образование.


Таа вели дека сите овие четири закони претставуваат дел од закони кои предвидуваат пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж.

„Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас“, вели Шахпаска.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum