МИЛЕВСКИ НА ГРАЃАНИТЕ ЖРТВИ НА МОБИНГ ИМ НУДИМЕ СТРУЧНА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ



Претседателот на ВМРО ДПМНЕ -Битола, Пеце Милевски на денешната прес - конференција обзнани за скандалозни пријави за мобинг и притисок на вработените во Општина Битола во неговата изјави меѓу другото им порача на граѓаните да пријават секаков вид на притисок и мобинг и да се обратат во ВМРО ДПМНЕ за бесплатна стручна правна помош.


- Ве повикуваме да се ослободете од притисокот и да се обратите кај нас, повелете во нашите простории тука сме да си подадеме рака преку овозможување на стручна бесплатна правна помош за секој случај на дискриминација или малтретирање на работно место.
- Почитувани нашата поддршка и конкретна борба ви ја нудиме, вас граѓаните во секое време а не само за време на избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вашиот глас, ќе ја информираме јавноста со какви притисоци се служи власта за да контролира и манипулира.
- Примерот поправа многу повеќе од прекорот, охрабрете се и приклучете ни се на борбата ! Целта им е да заплашуваат и да владеат но да им кажиме дека време е да си одат и на тоа заедно со вас сите посветено да работиме во текот на новата 2021 година до конечниот пад на "Лажниот живот".

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum