Милевcки го „плecна“ 3aeв: ЛДП на таква свадба нема да присуствува

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави премиерот Зоран Заев.

„Ако си се сакаат нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“, напиша Милевски на Фејсбук.

Прениерот Зоран Заев вчера ја фрла ракавица на опозициската ВМРО ДПМНЕ за соработка и голема влада , откако во интервју за Слободен печат посочи дека народот е поделен но и вели мора и од другата страна да има соработка.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!“, изјави Заев.

По објавнета понуда лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му испрати порака на премиерот:

„Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник“ Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…“, одговори Мицкоски.



извор: инфомакс



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum