Милчин: Заев ги навреди и мртвите и живите, го продава она што не е негово!

КАПИТУЛАНСТВО


Заев ги навреди и мртвите и живите. Југославија не можеме да ја кудиме за Кузман Јосифовски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Стив Наумов, Орце Николов... редица жртви на “администраторите”, кои не се воздржувале да убиваат и малолетноци! Југославија има други гревови, други жртви, ама сега не се преговара со неа. Ја нема. Таа историја не ни се заканува денес и не е пречка на патот за ЕУ. Нејзиното преиспитување не е табу во независна Македонија. Но тоа не е зелено светло за, најблаго речено, шминкање на историјата во годините на бугарската окупација. Ова што го прави Заев е капитуланство. Неговите недоквакани изјави се навреда за умот и паметењето на Македонците каде и да се. Ужаснува леснотијата со која го прави тоа. Го продава она што не е негово!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum