Милчин: Морничава е леснотијата со која Заев го распродава она што не е негово

Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово, напиша граѓанскиот активист Владимир Милчин на социјалните мрежи.


Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее.


Мачно е да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ. Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот, напиша Милчин.


извор: lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum