Мажот на Ленче Николовска по професија камерман, стана посебен советник за односи со јавност во МЗШВ

Снимателот и монтажер Тони Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Телевизиската водителката Зорица Андреева и’ стана советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, објави ИРЛ


И двајцата не се експерти во својата област. Но, ним и речиси целиот список на посебни советници во Владата ги врзува една работа – лојалноста кон владејачките партии, анализира ИРЛ.


Николовски во биографијата напишал дека има завршено средно гимназиско образование, а како вештини дека лесно се прилагодува, посветен е и добро организиран.

„Поседувам добри комуникациски способности и имам средно познавање од англиски, француски, БХС (босанско-хрватски-српски) јазик. Секогаш користам можност да научам нешто ново“, пишува Николовски во својата биографија.

И додека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  има стручни служби со соодветно образование,  на големо се вработуваат советници кои немаат соодветно  образование и немаат познавање во оваа област.

Целата сторија на ИРЛ.


извор: signal.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum