Матераци го „пецна“ Јувентус: Тие се навикнати да губат финалиња!

Легендата на Интер, Марко Матераци не пропушта шанса да го „боцне“ големиот ривал Јувентус, особено кога зборува за освоената титула во Лигата на шампиони.


Интер во 2010 година успеа да стигне до тројната круна,  а денес години подоцна Матераци зборуваше за финалето од Лигата на шампиони.


„Игравме три финалиња. Скудетото го освоивме со победа против Сиена, Купот на Италија со победа против Рома, а во финалето од Лигата на шампионите го совладавме Баерн Минхен“.


„Можам да кажам дека би се убил да ги изгубевме сите финалиња тогаш. Не поднесувам порази во финалињата, едноставно сум таков.Не сум како играчите на Јувентус да сум навикнат да губам финалиња“, изјави Матераци.

извор: Sportski.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook