МАСК ВГРАДИЛ ЧИП ВО ГЛАВАТА НА МАЈМУН КОЈ МУ ОВОЗМОЖУВА ДА ИГРА ВИДЕОИГРИ СО УМОТ

Илон Маск вели дека една од неговите стартап компании има мајмун чиј мозок е поврзан со жици, што му овозможува да игра видеоигри.

„Тој е среќен мајмун“, вели Маск.

Тој поддржува голем број футуристички проекти, а еден од нив е и неврокомпјутерски интерфејс. Во таа насока, Маск кажа дека наскоро, можеби за еден месец, ќе објави видеоснимки со приклучени мајмуни.

„Имаме мајмун со безжичен имплант во черепот, па преку ситни жици може да игра видеоигри со својот ум. Не можете да видите каде е имплантот, но тој е среќен мајмун“, рече Маск.

Како што објасни, целта на оваа негова мозочна технологија е третирање на мозочни и ‘рбетни повреди и враќање на изгубените можности кај луѓето преку вграден чип.



извор: sdk.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum