МАРИЧИЌ: Македонските адвокати отсега ќе можат да работат во Англија и Велс

Отсега македонските адвокати, може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ преку неговиот профил на Фејсбук.


-Досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија. По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит, напиша министерот.

Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и во Комората на Англија и на Велс

извор: 24.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum