Македонија се откажа од “македонски“ и прифати “официјален јазик на РСМ“. Кој од двата е тој?!

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во јавноста и струката на историчарите, а повремено заради тоа од “неидентификувани извори“ дознаваме што се случува, наместо да добиваме официјлоани информации.


Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, наместо македонски/Македонија ќе се употребува “уставното име на земјава“.


Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба.


Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија.


“Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници”


Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во иднина би се користел терминот официјален јазик на РСМ.


А Македонија има два службени јазици, на кој од нив мисли Бугарија под терминот “официјален јазик на РСМ“.


ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ


Член 1 (1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. (2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.


“Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања”


Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија.


Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба.

Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, наведуваат од македонскиот тим на Комисијата.“ - објавија некои провладини портали.


Но, повторно, не е наведен ниту извор ниту кој точно, конкретно, демантира, туку стои “Комисијата“, што не значи ништо без наведено име на изворот. Потворно се работи нетранспарентно. Ако се е во ред, нема потреба од криење.



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum