МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО: Пандев го оствари сонот на генерацијата!

Македонската фудбалска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата и за првпат ќе игра завршен турнир на Европско првенство. Во финалниот натпревар од Лига Д на Лигата на нации, попладнево во Тбилиси ја совлада Грузија со 0-1 (0-0) и со гол на легендарниот капитен Горан Пандев ја израдува нацијата. 

Ангеловски се одлучи за 3-5-2 и го уфрли Бејтулаи во последната линија, а Несторовски и Пандев дејствуваа во нападот. Грузијците почесто ја имаа топката во нозете, беа поагресивни, но не креираа зрели шанси. Ние се потпревме на инвидуалните потези ја Елмас, нашиот најрасположен фудбалер.  По 20. минута ја презедовме иницијативата, но првата вистинска закана ја упати Окриашвили во 28. минута, но неговиот удар од дистанца Димитриевски го одбрани. Истиот фудбалер три минути подоцна се обиде од мртов агол оддесно, но биеше преку нашиот гол.  Во 33. минута Грузијците профитираа по еден карамбол и на Казаишвили му се укажа шанса за гол, но биеше млако и Столе Димитриевски одбрани. Во 34. минута нашата најголема шанса ја имаше Пандев, кој биеше со глава, но Лориа се испружи и со парада спаси чист гол. Со блага надмоќ на домаќинот, но наша најзрела шанса првиот дел заврши без голови.  Вториот дел започна со поинаква енергија и по само десет минути Елмас, Пандев и Адеми ја измешаа грузиската одбрана и капитенот го матира Лориа за предност од 0-1.  Николов во 62. минута беше преагресивен во влечењето за дрес и се најде во бележникот на Ентони Тејлор. Во 66. минута Елмас имаше пенал во движење, одлично биеше, но топката заврши за малку крај дирекот на Лориа. На средина од вториот дел повредениот Адеми гоо напушти теренот и беше заменет со Спировски.  Елмас во 75. минута пак ја измеша одбраната на Грузија, биеше со левата нога, но крај дирекот. Вајс се обиде со замени да ја раздвижи домашната селекција, но Димитриевски во вториот дел немаше интервенција. Ангелов го внесе Костадинов наместо Николов во 83. минута за да го освежи средниот ред. Грузијците целосно се испразнија и Македонија го приведе натпреварот кон крај со историска победа од 0-1. 

извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum