Македонците во 2020-та купиле само 3.800 нови автомобили, огромен пад на увоз на автомобили

Увозот на употребувани моторни возила во државата во првите девет месеци од годинава е значително намален. Ако лани во овој период се увезени над 26.000 илјади половни патнички возила, годинава се увезени околу 15.000 возила, покажуваат последните податоци од Царинската управа (ЦУ).


-Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од воведувањето на механизмите во новиот данок на моторни возила, чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2 (јаглероден диоксид), што веќе се покажува и во пракса. Ова значи помал влез и користење на возила кои драстично го загадуваа воздухот во државава, велат од Царинската управа.

Намален е и увозот на нови патнички возила. Лани во првите девет месеци биле увезени над 4.600 нови возила, а оваа година се увезени околу 3.800 возила.


-И покрај намалениот број на увезени возила, приходите остварени со примената на новиот данок на моторни возила кој ја замени акцизата, бележи позитивна разлика во приходот за над 280 милиони денари или 4,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, што претставува пораст од над 50 отсто, посочуваат од Царинската управа.


Според соопштението на Царината, лани за првите 9 месеци се увезени вкупно 32.300 автомобили, додека оваа година за истиот период јануари- септември се увезени 18.800 автомобили.


извор: telma.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum