Мајката на Давков: Јасно е на што алудира министерката Царовска

Мајката на Дамјан Давков тврди дека не е аргумент искажаното на министерката за образование и наука Мила Царовска дека виновен е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле осмооделенецот да се натпреварува со средношколци. Малиот математичар заедно со неговиот наставник не може да добие награда од Министерството за образование и наука, иако е првак по математика, бидејќи бил во осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци, по што остро реагираше јавноста и чинот го осуди како неправда. „Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5.

Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно. Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд.


Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. За информација, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал).

На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.

Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака“, објави Никица Давкова.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum