Љупчо Николовски: Не се вакцинирав во Дубаи, работев по 16 часа на ден


Вицепремиерот Љупчо Николовски во Велес демантираше дека тридневниот одмор во Дубаи го искористил за да се вакцинира. Вели дека одморот му бил испланиран многу порано и затоа бил оставен впечаток дека ја напуштил Македонија во кризен период.

- Имам право на одмор законски, и тоа нема да дозволам да ми биде одземено. 16 часа работам дневно за граѓаните - чесно и искрено. Имам право да и посветам три дена на сопругата, само единствено контекстот е избран како погрешен, рече Николовски. Николовски воедно демантираше дека на одморот користел службени ресурси, а додаде и дека истиот си го платил од платата.

- Не сум се вакцинирал, ниту сум бил со службен пасош, службен телефон или службено возило. Имам право со таа плата да платам одмор, рече тој.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum