ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО БИТОЛА НЕМА ЕЛЕМЕНТАРЕН КАПАЦИТЕТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ



ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО БИТОЛА НЕМА ЕЛЕМЕНТАРЕН КАПАЦИТЕТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СЕКОЈДНЕВНИТЕ И БАНАЛНИ ПРОБЛЕМИ КАКО ШТО СЕ ЧИСТИ УЛИЦИ.

Оваа власт на централно и локално ниво си игра со судбината на народот. Или како што кажа Зоран Заев со коцкарски речник – играјќи all in, извршивте велепредавство и ја уништувате сопствената нација со приказната за лажна надеж. Приказна после која целосно ги разочаравте сите вистински Македонци, уништувајки им ја Татковината.

Па и вчерашниот снег е доказ дека во локалната самоуправа отсуствува елементарен капацитет за справување со секојдневните и банални проблеми како што се чисти улици. Без да навлегуваме во процесот на реализација на буџетските средства од општинската каса и онаа од јавните претпријатија од локалната самоуправа, едноставно, парите на нашите сограѓани се трошат, а услуга за истите не се испорачува.

Ние од ВМРО ДПМНЕ прашуваме: Дали чувствувате обврска кон нас граѓаните, имате ли образ?

Ние уживаме во снегот и во убавините на нашата Битола покриена во бело. Но и во време на пандемија сите ние имаме и секојдневни обврски, луѓето имаат работа, бизниси и слично, имаат потреба да одат до пазар, до аптека, до болница, до работа … А Вие не им овозможувате чисти улици по кои ќе се движат.

Коментарите се непотребни, граѓаните ве прифатија таква каква што сте. Веќе не трошат ни енергија да ја искоментираат вашата неспособност, градоначалничке Наташа.

Барем да кажеше каков живот носите, оти овој ни крпен не е. Полн со дупки, поплавен, завеан на кратко неспособен и лажен ти е животот неуспешна градоначалничке.

Две добри вести го очекуваат градот наесен, едната е дека ќе си одите од градоначалник, втората е дека ќе се вратите на образовниот процес каде припаѓате, онаков каков што го кроите со сопартијката Цароска.

ВАСКО МАВРОВСКИ -Портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum