Лидл отвора продавница во Македонија?

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.


Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но изворите кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза. 


Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту децидно ја демантирале информацијата. 


Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговориле од „Лидл“ на прашањето на InStore за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар. 


Според нашите извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради. 

извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum