Лицитација со бројот на Албанци во Македонија, од 25 до над 30%! Македонците немаат став

Без оглед на тврдењата на владата, фактите и изјавите на луѓе од власта, особено на Албанците и албанските функционери во владечаката коалиција и државата потврдуваа - овој попис е доминантно политичка и национална (етничка) операција.


Начинот на кој е донесен Законот за попис, со политичко насилство врз опозицијата и наметнување на мајоризација врз половина гласачи во Македонија е првиот чекор кој дава сомнеж во намерите и целите на овој попис сред епидемија со корона вирус.

Второ, само кај нас, и никаде во Европа, за граѓани на државата ќе се сметаат и тие кои се отселени и подолго до една година, а нивни роднини со фотокопии ќе докажуваат нивни идентитет и статус.


Со оглед дека околу половина иселени од Македонија последниве две децении се Албанци, а сите дуги се помалку од половина иселени, јасно е дека со овој и ваков попис на иселени лица како да се тука се прави фалисфикување на вистинскиот број и етничката припадност на граѓаните на Македонија кои живеат и плаќаат данок во нашата држава.


Овие несоновани податоци за поголем број Албанци - резиденти во државата потоа ќе се (зло)употтребува за етничко позиционирање во домашната и меѓународна политика, за вработување во државната администрација, за функции во обвинителствата, царината, судовите, МАНУ, Народна банка, за распределба на пари до државниот буџет...


Дека создавање непткрепен основ за агресивна етничката политика потоа е основна цел на овој и ваков попис доказ се, дополнително, и изјавите на албанските функционери. Екс мининистерот за образование од ДУИ Арбр Адеми изјави дека очекува Албанците да бидат околу 30% на пописот, а ако се покажело дека се помалку од 20% тој нема да ги признае изборите.


Изет Меџити од ДУИ беше поскромен, па очекува Албанците “секако да бидат повеќе од 25%“ на пописот. Од Алијанса за Албанците очекуваат околу 30% Албанци на попсот. Лицитацијата е тука, никој од македонските политичари не се осмелува да биде дрзок како Албанците и да каже своја проценка и очекување за бројот на Македонците.


На темата попис лицитира и Али Ахмети во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби и посочи дека сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани. Тој уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа, па така сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени. Ахмети зборувајќи на темата појасни и како се попишува дијаспората.


– “Во врска со пописот имаше дебати, вклучително и јавни дебати. Тоа е статистичко прашање, а не политичко претпријатие, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ.


Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја“, подвлече претседателот на ДУИ.


За очекувањата од резултатите, тој напомена дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен, но избегна да каже дека стапката на иселување на Албанците од Македонија е повеќе од дупло поголема во однос на ислеувањето на Македонците.

А бројот на Албанци и Македонци, резиденти кои живеат во Македонија, може основано да се процени преку податоците во МВР комбинирани со другите институции кои водат евиденција. И, на крај, Албанците партиципираат на избори едвај 18-20% особено кога ќе се земе предвид фактот дека тие имаат убедливо најголема излезност во општините каде Албанците се мнозинство.


Имено, во согласност со ажурираните податоци за издадени државјанства, во Македонија, според споменатите извори, има нешто повеќе од 2,4 милиони издадени државјанства, од кои 1.883.612 (72,66 отсто) се декларирале како Македонци, 375.601 (16,7 отсто) – Албанци, 53.879 (2,66 отсто) – Роми, 77.959 (3,85) – Турци, 35.939 (1,78 отсто) – Срби, 17.018 (0,84 отсто) – Бошњаци, 9.695 (0,48) – Власи и 20.993 (1,03) – други. Тоа значи дека вкупно 27,34 отсто од македонските државјани не со македонска етничка припадност туку - сите заедно - се од редовите на Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи или Бошњаци...


Овие податоци од декември 2018-та година , за кои се зборува се во јавноста, најмногу се во дискрепанца во однос на официјалната бројност на етничките Албанци, споредено со пописот во 2002 година, кога беше утврдено дека 25 отсто од населението се Албанци.


– “Бројот на државјани е секогаш поголем од бројноста на населението во државата, па не е изненадувачка бројката на издадени државјанства.


Што се однесува на бројноста на населението во Република Македонија, на 1.1.2018 утврдена е бројка од 2.075.301 жител. Тоа е утврдено со процени, кои не се докрај прецизни но се блиску до тоа, со споредбени методи, односно со користење на податоците од пописот во 2002 година, како и податоците за прирастот на населението од секоја година потоа и за надворешните миграции.


Сепак, сметам дека не може да се зборува со стопроцентна сигурност за валидноста на податоците за процентуалната етничката застапеност во оваа бројка на населението вели демографот Дончо Герасимовски во изјава за Нова Македонија од 5. декември 2018-та.

Пописот, наместо да биде техничка операција ќе биде нова експлозија на незадоволство и етничка мајоризација која во веќе нестабилното општество дополнително ќе ги влоши меѓуетничките односи во Македонија, и ќе ја зголеми недовербата на граѓаните во државните институции.



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum