Лицемерието на политичарите за време на изминатиот карантински викенд

Минатиот викенд беше, се надеваме, и последниот карантински викенд во Република Македонја.


Покрај сите тешкотии што ги предвидува животот за време на викенд затворени дома, оваа ситуација бевме приморани да ја прифатиме за општото добро и покрај големиот Христијански празник Духовден и празникот Задушница на кој празник традиционално се присетуваме на нашите никогаш непреболени кои го напуштиле овој свет.


Но, како што е и обичај, покрај едните кои со својата дисциплина останаа дома за време на карантинскиот викенд, некои одлучија да постапат сосема спротивно на сите препораки. Сите сме запознати со така наречената “голема преселба на Скопјаните” што не наиде на големо чудење бидејќи познат беше фактот дека властите направија еден пропуст, кој можи да не чини и крах на здравствениот систем. Имено истата грешка се направи и во Италија, а тоа што се случи во Италија треба што поскоро да биде ставено на забот на заборавот.


Она што сакаме да го потенцираме како неприфатливо е однесувањето на властите, меѓу кои се најдоа и неколку од оние кои директно во владата гласаа за карантин во Скопје и во цела Македонија. Па така, овој викенд беше забележано :


Радмила Шеќеринска, викендот го помина надвор од Скопје, односно на Маврово.


Градоначалникот на Скопје исто така беше цел викенд на Маврово.


Генералниот секретар на СДСМ и покрај тоа што на социјалната мрежа facebook ги повика граќаните да останат дома, тој овој викенд го помина покрај Беровското езеро.


Градоначалникот на Ресен, покрај сите забрани за групирање, овој викенд, во својата куќа организираше собиранка, седенка, пијанка, јаданка и караоке шоу.


Градоначалничката на Могила, овој викенд го помина организирајќи роденденска забава за еден свој познаник и соработник и пријател, спротивно на сите препораки, во кафана, со бенд и доста популарни локални естрадни уметници.


Директорката на УЈП Лукаревска, наместо во самоизолација, таа го искористи времето за поправање на својот изглед, отиде на фризер.Ова само по себе дава една поширока слика за односот на властите кон проблемот со вирусот Ковид 19, а оттаму ни станува се појасна сликата на ваквиот изглед на ситуацијата која вели речиси 800 новозаболени во последните 10 дена.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum