Курти ќе прави партија во Македонија "Движење самоопределување"

Лидерот на движењето самоопределување (ВВ) и доскорешен премиер на Косово Албин Курти најави дека неговата партија наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешниот собир по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на ВВ, Курти изјави дека „Самоопределување ги освои срцата“ на сите Албанци во сите албански средини во регионот.

– Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја покренуваме иницијативата за основање на Движење самоопределување и во Македонија, порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина.

Според доскорешниот косовски премиер, неговата партија „веќе е порасната и проширена на сите албански територии“.

извор: republika.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum