Кромберг и Шуберт рекордери во финансиска помош од државата

Телма дојде до листата на фирми кои добиле финансиска помош од државата за исплата на априлската плата од 14.500 денари за справување со последиците од кризата.


Рекордер во добивањето на финансиска помош од страна на државата е битолската странска инвестиција, која во 2013 го имаше своето свечено отварање, од државата како помош за справување со последиците од кризата доби финансиска помош од скоро 1.2 милиони евра.


Дел од останатите фирми кој добиле финансиска помош биле:

- 106.000 евра за Брако од Велес на Кочо Анѓушев.

- 142.000 евра за Аџибадем Систина на Орце Камчев.

- 183.000 евра за кладилниците на Спорт Лајф.

- 132.000 евра за Делта Бет и казината на Сенатор.


Во листата е и земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола каде добиле помош од нешто под 100.000 евра.


Според директорката на УЈП, Сања Лукаревска државата помогнала со финансиска помош од 28 милиони евра за 21.542 компании.

извор: telma.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum