Криминал, карантин, протести и немири – над 300.000 луѓе се отселиле од Њу Јорк за 8 месеци

Околу 300.000 домаќинства се иселиле од Њујорк од март, откако најголемиот град во САД стана плодна почва за криминал, но и поради ограничувачките мерки поради коронавирусот, како и граѓанските немири.

Податоците на американската државна пошта, до кои дојде „Њујорк пост“, покажаа дека граѓаните на Њујорк поднеле над 295.000 барања за промена на адреса во периодот од 1 март до 31 октомври.

Податоците вклучуваат само 11 окрузи, што значи дека не се вклучени места од 10 локации во пошироката област на Њујорк.

Секое барање за промена на адресата обично го опфаќа целото домаќинство, не само поединецот, што значи дека бројот на луѓе кои се иселиле е значително поголем од бројот на барања, пренесува „Њујорк пост“.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum