Костадинов во одбрана на Гарванлиев: Нема ниту сега да го скршат струмичкиот дух

Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, го заштити евровиозискиот претставник Васил Гарванлиев и негов сограѓанин, кој од одредени кругови е цел на напади поради неговото признание дека поседува бугарски пасош.

Претседателот на собраниската комисија за именувања на пејачот му порачува дека никој нема да го скрши струмичкиот дух и дека ваквата хајка против него е само шанса за собирање евтини политички поени.

„Интересно, некои луѓе низ годините се обиделе, за жал и сега се обидуваат да го скршат струмичкиот дух, струмичкиот непокор, струмичката храброст, струмичката спремност, таа чудна стремеж, струмичка за перфекционизам.

За волја на вистината, не успеале! Нема ниту сега да успеат, Струмичкиот дух не е стакло, третирајте го како жива. Можете да го делите, да го крчмите ама на крај се соединува во едно.

Така ќе биде и овој пат, Васил понуди квалитет, вокален текстуален... Тој квалитет и го поклони на државата, на сите нас без разлика какви сме, кои сме, како размислуваме, што ние мислиме. Ни даде подарок со кој треба да се радуваме и нешто кое што исклучително треба да го почитуваме“, вели Костадинов. На Гарванлиев му порачува да си ја работи работата и да не обрнува внимание на оние, како што вели тој, кои сакаат да профитираат политички

„Биди сигурен Васил, дека огромен дел од граѓаните даваат поддршка на тоа што го работиш, за жал некои луѓе во тоа видоа шанса за политички профит.

Јас сум убеден дека ниту една разлика, политичка, етничка, верска или било каква друга, нема да биде посилна од желбата за наш заеднички успех, предводен од Васил Гарванлиев“, напиша гласноговорникот на СДСМ.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum