КОСТАДИНОВ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасни по здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и (Христијан) Мицкоски се во режимска матрица и се опасни по здравјето и безбедноста на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција портпаролот и доскорешен пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.


– Лажните вести, деструкциите и прекршувањата на мерките од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се ниту случајни ниту инцидентни, туку тоа е свесно дејствување против здравјето и интересите на граѓаните, рече Костадинов.


Портпаролот и експратеник на владејачкиот СДСМ, партија која и во ден со 7 починати и 125 новозараени ја обвинува опозицијата за тоа што (не) сработиле нивниот министер за здравство, нивната Комисија, нивната Влада…


И да биде уште потрагикомично, Костадинов ја обвинува опозицијата за загрозување на здравјето на граѓаните, а токму од редовите на СДСМ има кластер на заразени со вирусот, повеќемина нивни функционери позитивни на Ковид-19 или се во изолација.

И како капак на сето тоа упорно инсистираат на избори „час поскоро“.

(Д.Г.)

извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum