Консултативен состанок на раководството на КФСМ со претставници на првата лига - мажи

По реализираното гласање по електронски пат, преку конференциска врска од страна на сите десет клубови од Првата лига-мажи во натпреварувачка сезона 2019/2020, раководството на федерацијата ќе поднесе конкретен предлог до Управниот Одбор на Кошаркарската федерација.


Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарската федерација на Северна Македонија достави официјално известување до претставниците на клубовите во Првата лига-мажи, а во врска со вонредната состојба во нашата држава поради пандемијата на COVID-19, и неможноста да се одигруваат кошаркарските натпревари од Првата Државна лига-мажи за сезона 2019/20, со два (2) предлога за начинот на завршување на натпреварувањето


Прв предлог: Согласно моменталната табела по 17.одиграни кола, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи


Втор предлог: Да не се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи


Согласно со тоа, раководството на КФСМ, денеска, преку конференциска врска одржа консултативен состанок со претставниците на клубовите.

На состанокот, по електронски пат беше реализирано и гласањето од страна на клубовите учесници во нашето најквалитетно кошаркарско натпреварување.


Четири клуба, КК Работнички – Скопје, КК Гостивар-Гостивар, КК Вардар-Скопје и КК Куманово 2009-Куманово се произнесоа да не се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи.


Три клуба, КК МЗТ Скопје Аеродром АД-Скопје, КК МЗТ Скопје Уни-Банка-Скопје, и КК ФМП Академија-Скопје се изјаснија за предлогот: КК МЗТ Скопје Аеродром АД да се прогласи за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи.


Три клуба, КК Еуро Никел 2005-Кавадарци, КК Кожув-Гевгелија и КК Пелистер-Битола беа воздржани во гласањето по предлогот од страна на федерацијата.


Согласно со тоа, резултатот на ова гласање раководството на КФСМ ќе го формулира како дефинитивен предлог и ќе го стави пред членовите на Управниот Одбор на КФСМ кој треба да ја донесе конечната одлука за заклучување на натпреварувањето во Првата лига-мажи за сезоната 2019/2020.

извор: kfsm.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum