Комисија во МРТ одлучува за судбината на Васил: Македонија нема да учествува на Евровизија?

Во МРТ формирана комисија што ќе одлучува за судбината на Васил Гарванлиев По низата скандали врзани со овогодинешниот преставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформи комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот пласман годинава.

Од јавниот сервис за Нова Македонија велат дека членовите на интерната комисија ја анализираат состојбата од сите аспекти и деновиве ќе биде донесена конечна одлука. – МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ – вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација за Нова Македонија.

Инаку, во јавноста и по остранувањето на спорните кадри од спотот за песната „Here I Stand“, каде наводно во секвенца од неколку секуди можеше да се забележи ументичко дело во боите на бугарското знаме, чиј автор е уметницата Жанета Вангели, како и по јавното извинување на Гарванлиев, не стивнуваат реакциите кои прераснаа во јавен линч и говор на омраза.

Во тек е потпишување петиција со која се бара Гарванлиев да не ја претставува Македонија годинава на „Евровизија“, што ја поптпишаа над 16.000 луѓе, а има и петиција за негова поддршка, која исто така има голем број потписници.



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum