Колумна на Виктор Јосифовски - Башлак: „Утешение грешим“

Тврдам дека, никој неможи да ти го одземи јазикот, да ти ја одземи националната припадност, да ти го преименува народот, да ти ја преименува државата, ако сето тоа не си го сториш сам на себе. Неможи ни Борисов, ни Каракачанов, а посебно неможи Захариева. Факт !


Ние не треба да се плашиме од Каракачанов, Борисов, Захариева и цела Бугарско историска фела. Ние треба да се плашиме од ликови како Денко Малевски, Стево Пендаровски, Зоран Заев, Маричиќ, Никола Димитров, ликови кои се на позиција од која можат да донесат одлука со која ние можиме да го изгубиме јазикот и одлука со која може да ни се изгасни националното видело.


Што се однесува до ЕУ. Тоа треба да си го претставите како едно окултистичко собрание во кое се влегува преку еден ритуал. За нас, тој ритуал треба да започне така што ние треба да влезиме со маска, односно обезличени, а телото да ни биди голо како од мајка родено. Сепак, кога ќе стигнете пред вратата, ви ги кажуваат условите, но одлуката е ваша дали ќе се слечите голи и ќе ја ставите маската која симболизира некој одвратен гремблин и ќе пристапите кон таа оргија, или едноставно ќе речите, НЕ јас не сум тоа за кое ме сметате и овде јас не припаѓам.


Второ, или не знам кое му иди по ред, ете трето нека биди, што неможам да го разберам е тоа дека сите се тресите како љиљаци од Бугарија и притоа фрлате со дрвја и со камења, како Бугарија и бугарските политичари да се пречка за Евро интеграцијата на Македонија.


Како воопшто да не познавате гео-политика. Не, не е точно. Дали навистина мислите дека некој ги прашува и ги слуша Бугарите во таа организациона лакрдија? Па тие се во кал до гуша и се жртви исто како нас, заведени од политичари кои се само дел од сценариото во кое учествуваат и 80% од нашите политичари. Седат на некоја магарешка клупа и климаат со главите како апостров и безгласна буква. Главните играчи се Франција, Германија, Холандија, Белгија, а тие се оние кои вистински не не сакаат, ни нас, а не ги сакаат ниту пак нив и не тераат да ги “пегламе разликите” наместо да живееме како господари на своето во една заемна поддршка и соработка. Наместо да си градиме тука наше општество, нашите сограѓани и сонародници одат по светот и работат работи што Германец или Французин никогаш не би ги работел за 8-9 евра. Истото важи и за Бугарите, истото важи и за Србите. Тие земји како Германија, Франција, Белгија, Холандија се вечните непријатели и на Бугарите и на цела Македонија, од памтивек па се до ден денешен. Тие пеглале разлики. Какви црни разлики, разлики нема, а баш тогаш кога ви велат дека ги пеглаат разлики, токму тогаш ги прават разликите.


Сум имал можност да разговарам со Каракачанов цели 3 часа, на десетици теми. За 80% од работите не се согласувавме, но она што сакам да го подвлечам е тоа што, иако не се согласувавме, ниту еднаш не ме навреди, не ме понижи, не ме негираше, не ме исмеа и ниту во тој неформален разговор ниту еднаш не ми го одзеде правото да се нарекувам Македонец од Македонија, со Македонски јазик и т.н., а башка и на референдумот за северна не гласаше Каракачанов, туку мојот и ваш комшија комуњар кој ја негира Македонија по 10 пати дневно и воскликнува по Југославија. Кој ќе ги праша Бугарите, или поточно, колку дена ќе издржи на власт во Бугарија оној кој ќе се спротистави на Франција и Германија?


Како сакате разберете го ова, но за влез во една окултистичка организација во која никој не не сака, или не сакаат голи, слепи, глуви, односно не сакаат како обични кукли прикачени на нивните конци од куклениот театар, ние ќе си ги изгубиме јазикот, народот, нацијата и основните наши национални обележја и засекогаш ќе загиниме во светската меморија.


Многу е едноставно и уште еднаш, не го барајте проблемот онаму каде што го нема и доколку сакате да се излекувате од некоја болест тогаш мора да ја именувате со вистинското име, затоа што можно е да се најдите во ситуација дијареата да почните да ја лекувате со лексилиум, а потоа следува лошото: ќе ја испосерите цела куќа, а воопшто нема да се изнервирате !!!


Чаре: Немојте да преговарате за нешто што не се преговара. И не се трудите да ги докажувате работите бинарно, бидејќи чувствата се многу позвозвишени нешта од секоја в калкулирана величина на сите докази од која било страна. Доста е од тие глупости !!!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum