Колку се задолжени македонските граѓани?

Корона кризата ја зголеми задолженоста кај македонските граѓани. Потребата од свежи пари, за да се задоволат основите животни потреби од месец за месец расте. Во просек, секој должи по речиси 1.500 евра, најмногу за потрошувачки кредити. Податоците на Народната банка покажуваат дека домаќинствата кон банките должат скоро 3 милијарди евра. Од нив, половината се потрошувачки кредити, останатите - скоро 900 милиони се станбени, за кредитни картички 188 милиони и 100 милиони евра за минусни салда. Но, ако се земе вкупниот државен долг, кој во мометов изнесува 5,6 милијарди евра  и се собере со долгот на граѓаните се доаѓа до бројка од 4.300 евра долг по жител.


Заедничко за сите во ек на пандемија е пораст на кредитирањето, а пад на штедењето. Заканата од затворање на капацитетите и отпуштаења од работа може да го зголеми бројот на нефункционални кредити, односно оние кои граѓаните нема да можат да ги вратат.


извор: sitel.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum