КОД открива: Темпирана бомба во центарот на Битола


Во старата Касарна под Тумбе Кафе во Битола, сега никнува нова  населба. Се градат куќи и згради, нова инфраструктура, па тука живеат неколку илјади луѓе. Меѓу новоградбите, се уште има напуштени и руинирани објекти кои ги користеше Армијата. Во еден од нив се складираат  неексплодираните  убиствени средства, иако според стандардите овие складишта треба да бидат минимум 15 километри оддалечени од населеното место.

Со единствениот пиротехничар кој остана во Битола,  Ѓорѓи Стефанов,  дојдовме до објектот на кој нема никакво предупредување за опасност, ниту е  обезбеден со физичко присуство.  Сепак, поради безбедносни причини не ја снимивме локацијата од надворешната страна. Стефанов  ја отклучи металната врата со обичен катанец, а во стовариштето внатре, покрај сите предмети што ги чува Дирекцијата за заштита и спасување, наредени се и бомбите.

Пред вратата затекнавме  остатоци од огниште, на кое најверојатно претходната ноќ некој се топлел, без да знае дека може да настарада и да  го разнесе половина град.


-Многу е опасно,  во е магацинот да се случи пожар или нешто слично, ќе има огромна експлозија, со несогледи последици за градот и околината каде што се наоѓаме, вели Ѓорѓи  Стефанов.


Најголем дел од неексплодираните средства кои сега се складирани во објектот во поранешната Касарна се пронајдени пред десетина дена при реконструкција на  Стадионот под Тумбе Кафе во Битола.


Пиротехничарите отстранија речиси 600 артилериски гранати со калибар од  75 милиметри и ова е најголем број  откриени одеднаш во Битола.


Велат дека најверојатно има уште толку, но работите се прекинати затоа што Дирекцијата нема соодветна механизација да продолжи со  откопување  на гранатите. Сега ги има и на местото  каде што се пронајдени и во магациниот во касарната, па опасноста е двојна


-Имаме проблем со средствата што ги пронајдовме во Битола, до јужната трибина на стадионот. Два дена се работеше,  се извадија 593 парчиња артилериски гранти од 75 мм. По два дена се прекина бидејќи човекот што работеше со багерот, се уплашил за својот живот и си заминал. Тој е од некоја градежна фирма и нема обврска тоа да го работи. Од тогаш работите застанаа, регионот го обезбедува полиција. Прекинати се работите на инвеститорите и изведувачите. Веќе 5 дена има полиција деноноќно таму и никој ништо не презема во државата, вели Митрев.


извор: telma.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum