КОЦКАТА Е ФРЛЕНА: Ајде да видиме дали Филипче ќе прати листа на вакцинирани! Или ќе крие функционери

Радио Лидер вечерва објави индиции дека неколку високи државни функционери биле вакцинирани преку ред и поради нив доктори биле ставени на листата на чекање. Веднаш пристигнаа остри реакции и деманти. Во своите соопштенија и од владата и од Министерството за здравство реагираа дека шириме лажни вести и дека тие се трнаспарентни во процесот на имунизација.
За да им веруваме дека се транспарентни, би требало да ја декласифицираат и да ни ја испратат целосната листа на вакцинирани која ја водат како класифициран податок. Редакцијата на Лидер испрати официјално барање до министерството.
извор: lider.com.mk