Клоп спреми 50 милиони за нов дефанзивец

Ливерпул од доаѓањето  на Јирген Клоп на клупата прави исклучително добри трансфери и тоа позитивно се одразува на играта на „црвените“.


Многумина сметаат дека Ливерпул има добар ростер, но дека во одбраната е потребен уште еден квалитетен дефанзивец кој ќе биде идеален партнер на Ван Дајк.


Дејан Ловрен и Џо Гомез не се играчи од тој калибар, притоа се склони на повреди и долги отсуства, па поради тоа приоритет на Клоп ќе биде доведување централен дефанзивец.


Прва мета е дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој ова лето пристигна од Нант за 15 милиони евра и веднаш покажа класа.


26-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спремиле понуда од 50 милиони евра.

извор: sportski.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum