Кире Лазаров позитивен на ковид 19

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, испаднал позитивен на редовното тестирање за коронавирусот, во пресрет на седмото коло од Лигата на шампиоинте.


Нант прво ја соопшти веста дека има двајца нови ракометари кои се позитивни на глобалниот вирус, а потоа „20минутес.фр“ обелодени дека станува збор за Лазаров и за шпанскиот пивот Адрија Фигуерас.


Поради ова, Нант ја откажа средбата против Цеље во ЛШ планирана за в четврток, бидејќи не е исклучена можноста вирусот да е проширен и кај уште некој ракометар од екипата.

Капитенот на македонската репрезентација бил без симптоми и во добра здравствена состојба, како што вели во изјавата за г-спорт.мк.


извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum