Ќе оди ли во изолација и министерката Шеќеринска поради генералот заразен со корона вирус?


До редакцијата на Веритас, се обрати загрижено лице, вработено во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Како што не’ извести, во Министерството за одбрана владее страв поради информација дека заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, кој е во честа комуникација со министерката Шеќеринска, е позитивен на вирусот ковид 19. Вработените стравуваат за опасноста по своето здравје и живот со која можеби се соочуваат. Останува отворено прашањето дали министерката Шеќеринска била во непосреден контакт со овој генерал.


Ако е така, се отвораат многу други прашања. Како на пример, дали таа ќе оди во двонеделна изолација, како што прават сите останати граѓани кои имале контакт со заразен од смртоносниот ковид19. Ова, станува малку повеќе незгодно ако се земе предвид дека таа, во моментов, како носител на кандидатска  листа на СДСМ, е во интензивна комуникација и со сопартијци со кои ја подготвува својата програма и со граѓани пред кои истата ја образложува. Дали сите лица кои комуницирале со неа ќе добијат право да бидат тестирани, знаејќи колку тешко се стига до оваа, очигледно, привилегија. И кој ќе понесе одговорност ако тие се заразиле?


Се работи за преважни прашања за тие да останат неодговорени.

извор: Веритас.мк

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum