Казна од 400 евра за снимање со камери поставени во автомобилите

Полицијата ги предупредува граѓаните дека незаконското снимање со камера, поставена во автомобилот, е казниво и дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, само МВР е овластено да поставува уреди за снимање на јавни места, на кои се одвива сообраќај.

Казната изнесува 400 евра во денарска против вредност, а прекршителите можат да бидат гонети и кривично, доколку лицето што е снимено поднесе тужба според Законот за лични податоци.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото е должен веднаш да ја отстрани, предупредуваат од МВР.

– Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирана видеокамера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот, имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија, како и секаде во ЕУ, снимањето на на граѓаните на јавно место е забрането и казниво, велат од полицијата.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum