Кacaми: Владата е одговopна за бегcтвото на Mиjaлков

Биљал Касами, лидер на Беса, која е во коалиција со СДСМ и дел од Владата вечерва гостува во живо во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.


Касами во врска со бегството на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков рече дека во Македонија треба да се биде подготвен за се.


„Во Македонија треба да се биде подготвен за се, искуството не научи дека не треба да сме шокирани со вакви настани, но сепак одговорност мора да има“, порача Касами.

Тој смета дека институциите, но и Владата во која се дел, имаат голема одговорност.

„Мијалков не беше обичен човек, туку човек со повеќе кривични дела. Имаше индиција и дека ќе побегне, затоа требало да се внимава максимално. Освен Владата, директно одговорни се и полицијата, Обвинителството, судството“, вели Касами.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum