„Карантините беа престроги, на луѓето им требаа витамини – вирусот не се шири надвор“ смета Пановски


Никола Пановски смета дека карантините не само во Македонија, туку и во Светот биле престроги.


Тој цело време кажувал луѓето да излегуваат надвор, бидејќи надвор, според него, вирусот не се шири.


„Цело време кажував луѓето да излегуваат надвор. Карантините беа престроги. Вирусот надвор не се шири“, изјави Пановски.


Тој додаде дека и ден денеска не му е јасно зошто се затворале парковите.

„Зошто мораше такви затворање во Светот. Можеше да шетаат луѓето по дворови, по паркови. Не ми е јасно зошто се затвораа парковите и не им се дозволуваше на луѓето да излегуваат“, рече Пановски.

извор: tv21.tv/mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum