Караџовски: Не сакам да сум турска серија и да ме гледате секој ден

Не е точно дека ретко се појавувам пред јавноста од почетокот на пандемијата на корона вирусот, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски на новинарско прашање.


Тој истакна дека е во добра состојба, откако го прележа корона вирусот и секогаш е отворен за разговори со медиумите.


„Не е точно дека ретко се појавувам пред медиумите. Не сакам да сум турска серија, па да ме гледате секој ден. Нема потреба толку често да ме гледате. Подобри се овие тип на прес-конференции кои ќе ги организира МЗ, а јас секогаш ќе ви стојам на располагање за било-какви прашања“, истакна Караџоски.



извор: fokus.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum