Како во 19-ти век: Цветкоски месец и половина живее без струја – ЕВН ми пронашла долг од пред...



Како во 19-ти век: Цветкоски месец и половина живее без струја – ЕВН ми пронашла долг од пред неколку години.


Славчо Цветкоски од с. Лескоец – Охридско, во време од корона во време од финансиска криза веќе месец и половина, со својата мајка живее без струја.


„Исклучена ми е струјата, поради не платена сметка заборавена во време од корона без да ме опоменет. А ми го извадија и сатот кој го имам платено. Ме теретат за кражба на струја. Како би можел да крадам струја, кога не се разбирам во тоа“, вели Цветкоски.


Тој образложува дека не добил опомена.

„Не добив никаква опомена дека имам заостанат долг, за неплатена сметка. Пронашле стар долг од пред две три години што сме го имале, кој требаше да ни биди опростен од претходната влада, а не ни го опростиле од незнам кои причини, добив само некое несватливо образложение“, раскажува Цветкоски.


На прашањето за колку неплатени сметки ЕВН му ја исклучила струјата тој вели:

„Долгот беше за еден месец, за тоа ми ја исклучија струјата, го подмирив долгот за што имам и докази дека имам платено. Кога го платив овој долг, го побараа стариот долг од пред неколку години кој имаше судска неразрешница. Тогаш ни рекоа да продолжиме редовно да плаќаме, а долгот да си остане долг. А како да го платам стариот долг не знам. Не сум вработен. Чекам некоја минимална социјална помош. Во кризава почнав да се пријавувам. А порано се снаоѓав, заработував, за да не зависам од никого. Се чувствувам работоспособен, сакам да заработам чесно, а не да зависам од некого“, вели Цветкоски.



извор: region.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum